• недела, 22 декември 2024

Масовни протести против климатските промени во Бристол

Масовни протести против климатските промени во Бристол
Бристол, 28 февруари 2020 (МИА) - Илјадници граѓани денеска се собраа во Бристол, југозападна Англија, на голем протестен марш против климатските промени. На учесниците во маршот им се обрати младата шведска активистка Грета Тунберг која ги критикуваше политичарите и медиумите за игнорирање на знаците на скора климатска катаклизма и ги обвини дека со своето недејствување ја напуштиле нејзината генерација во однос на неодложните проблеми на глобалните климатски промени. Илјадници луѓе дојдоа да ја видат и да ја слушнат шведската тинејџерка и активистка која стана позната по острите обвинувања и прекорувања упатени до владите низ светот поради нивниот однос кон климатските промени. - Јас не можам да бидам нема додека гори светот, а вие ?, го праша Тунберг насобраниот народ. После говорот таа му се приклучи на маршот низ центарот на Бристол, а според проценките на локалната полиција во него учествувале повеќе од 20 илјади луѓе. јт/

Остани поврзан