• недела, 22 декември 2024

Масовен протест во Љубљана со барање оставка од владата на Јанша

Масовен протест во Љубљана со барање оставка од владата на Јанша
Љубљана, 28 мај 2021 (МИА) -  Во Љубљана вечерва се одржа масовен протест против владата на премиерот Јанез Јанша, што е покриен со силно полициско обезбедување, кое предупреди дека станува збор за непријавен митинг и затоа ги повика учесниците да постапат според нејзините препораки, со дополнително предупредување дека ќе интервенира во случај на инциденти. Според проценките на словенечките медиуми, вечерва околу 18 часот на плоштадот „Прешерн“  се собраа повеќе од 40.000 лица и досега не се забележани инциденти. Покрај синдикатите, студентите, еколошките и невладините организации, на митингот учествуваат неколку пратеници од двете опозициски партии, а на протестот се бара оставка од владата и распишување нови парламентарни избори. Претходно, денеска, владеачката коалиција на словенечкиот премиер  Јанша доживеа нов неуспех во обидот да го смени  претседателот на парламентот, Игор Зорчиќ, кој ја напушти коалициска Партија на демократскиот центар (СМК) и формираше свој независен парламентарен клуб поради несогласувања со владата. Како и на минатомесечното гласање за смена на спикерот на парламентот, на владеачката партија и недостасуваше еден глас. За смена на Зорчиќ  гласаа 45 пратеници, еден помалку од потребното мнозинство, две гласачки ливчиња беа неважечки, додека опозициските партии ја напуштија салата пред гласањето, пренесе Хина. Претседателот на парламентарната група на Словенечката демократска партија (СДС) на премиерот Јанша изјави дека владеачката партија ќе побара ново гласање на претседателското место во парламентот да седне Јожеф Хорват од демохристијанската Нова Словенија (НСИ), додека Зорчиќ по гласањето кажа дека денешната одлука на пратениците потврдува дека тој е суверена институција. сд/

Остани поврзан