• четврток, 04 декември 2025

Марјан Начевски со ЕХФ функција

Марјан Начевски со ЕХФ функција

Андау, 19.септември 2025 (МИА) – Поранешниот македонски ракометен судија, сега делегат на Изборниот конгрес доби функција во една од комисиите во ЕХФ (Европската ракометна федерација). Начевски во следните четири години ќе биде член на Комисијата за жалби на ЕХФ. Тој оваа функција ќе ја извршува од 2025 до 2029 година. 

Претседател на Комисијата за жалби ќе биде Јоанис Каранасос од Грција.

Михаел Видерер ќе продолжи да биде прв човек на европскиот ракомет и во иднина, беше единствен кандидат за претседател. Изборниот конгрес на ЕХФ се одржа во Андау, Австрија.   мн

Фото: Фејсбук РФМ

Остани поврзан