Мартиќ и Даниловиќ на тениското финале во Лозана
- Хрватската Петра Мартиќ и српската Олга Даниловиќ се квалификуваа за финалето на тенискиот турнир во швајцарскиот град Лозана.

Лозана, 16 јули 2022 (МИА) - Хрватската Петра Мартиќ и српската Олга Даниловиќ се квалификуваа за финалето на тенискиот турнир во швајцарскиот град Лозана.
Мартиќ се пласираше во финалето од овој АТП турнир откако ја совлада Каролин Гарсија 6:4, 1:6, 6:3. Даниловиќ до финалето стигна победувајќи ја Анастасија Потапова со 6:3, 6:2.
Ова е второ ВТА финале во кариерата за Даниловиќ, после Москва 2018, кога во финалето ја совлада токму Потапова.
За Мартиќ, финалето во недела е петто во нејзината кариера, со една победа и три порази досега. ар/бак/