• недела, 22 декември 2024

Марсеј се понуди да го организира финалето на ЛШ во 2027

Марсеј се понуди да го организира финалето на ЛШ во 2027

 

Марсеј, 25 септември 2024 (МИА) – Францускиот град Марсеј се понуди да биде домаќин на финалето на Лигата на шампиони во 2027 година, откако Европската фудбалска унија УЕФА одлучи да му ја одземе организацијата на Милано.

„А зошто да не биде во Марсеј, на најубавиот стадион во Франција – Велодром,?“, напиша Себастиен Гибраел, претставник на градските власти на Марсеј, на платформата Икс, само неколку часа по одлуката на УЕФА да му ја одземе организацијата на Милано, откако италијанскиот град не достави гаранции дека градежните работи за реновирање на стадионот Сан Сиро и неговата околина можат навреме да бидат завршени.

Според Гибраел, властите на Марсеј заедно со градоначалникот Беноа Пајан ќе ја поддржат кандидатурата на Марсеј да биде домаќин на финалето на Лигата на шампиони 2027.

УЕФА најави дека градот домаќин на финалето во елитното клупско натпреварување во 2027 година ќе биде избран во мај или јуни идната година.

Следните две финалиња од Лигата на шампионите ќе се играат во Минхен и Будимпешта.

Сан Сиро, стадион со капацитет од околу 75.000 седишта, четири пати бил домаќин на најважниот натпревар на европскиот клупски фудбал (1965, 1970, 2001 и 2016 година). ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан