• недела, 22 декември 2024

Мароканската морнарица спасила 552 мигранти од водите на Медитеранот и Атлантикот

Мароканската морнарица спасила 552 мигранти од водите на Медитеранот и Атлантикот

Рабат, 20 април 2023 (МИА) – Мароканската морнарица во последните неколку дена, во близина на бреговите на Медитеранот и Атлантикот, пресретна 552 мигранти, главно од Субсахарска Африка.

-Крајбрежната стража на мароканската морнарица која оперира во Средоземното Море и Атлантикот од 8 до 18 април спаси 552 нерегуларни мигранти од различни националности, главно од субсахарска Африка, изјави воен извор за мароканската агенција МАП.

Изворот додаде дека овие луѓе се обидуваат да го преминат морето со импровизирани чамци, кајаци, скутери на вода и „дури и со пливање“.

Мароко, држава во северозападниот дел на Африка, е транзитна точка за многу мигранти, особено за субсахарските, кои сакаат да стигнат до Европа од Атлантскиот или Медитеранскиот брег на оваа земја.

На почетокот на април, 11 мигранти, осум Мароканци и три лица од субсахарска Африка, се удавија откако нивниот брод потона во близина на југозападниот марокански брег. сд/

Остани поврзан