• петок, 05 декември 2025

Маркоски: Ова е важен дел за да се издржат другите фази од подготовките

Маркоски: Ова е важен дел за да се издржат другите фази од подготовките

Маврово, 1.август 2025 (МИА) - Еден од најискусните ракометари во екипата на Алкалоид е Никола Маркоски. Познат по својата игра пред се во одбраната. Каде и да настапувал бил носител на играта. 

- Веќе неколку години сме заедно во клубот и ги знаеме принципите по кои се работи и по кои се реализираат подготовките. Сезонава не повторивме грешки од минатото и сите ракометари ја одржуваа формата и за време на одморот, па на подготовките дојдовме спремни за процесот што ни следи. Овој дел е многу важен за подоцна да можат да се издржат и одработат другите фази, вклучително и натпреварите што ќе ни следат. По Маврово, ќе почнеме со следната етапа, а во неа се предвидени и контролни натпревари. Екипата добро ги поднесува подготовките, амбиентот е одличен и верувам спремни ќе бидеме за предизвиците што не чекаат, првенствено во септември. Тогаш ќе играме пет важни натпревари што ќе ја обликуваат целата сезона, изјави Маркоски.

Екипата на Алкалоид ја одработува втората фаза од подготовките и десетина дена ќе се наоѓа во Маврово, каде покрај физичката подготовка ќе се работи и на тактика.    мн/

Фото: Фејсбук РК Алкалоид

Остани поврзан