• петок, 05 декември 2025

Маркоски: Нема да размислуваме на резултатот

Маркоски: Нема да размислуваме на резултатот

Скопје, 16.јули 2025 (МИА) - Негатива од три разлика ќе се обидат да надополнат фудбалерите на Работнички на реваншот со Торпедо Белаз во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Во таборот на скопјани подготвени се да го надполнат минусот.

- Нѐ очекува реванш против Торпедо-Белаз, сега имаме комплетна слика за ривалот, а се надеваме дека ние ќе одиграме многу подобро отколку на првиот меч. Нема да размислуваме за резултатот, не заслуживме таков пораз, ќе се фокусираме на играта и ќе се трудиме да бидеме многу поконкретни. Верувам дека тимот ќе биде на потребното ниво и апсолутно не се предаваме, има уште 90 минути во кои Работнички има што да покаже, со мотив да ја анулираме негативата, изјави тренерот на Работнички Бојан Маркоски.

Играчите најавуваат дека од самиот старт ќе се обидат да ја намалат негативата.

- Знаеме дека мораме подобро од првиот меч во Унгарија. Торпедо-Белаз е квалитетен тим, но мислам дека ние можеме да одиграме многу подобро отколку првиот меч. Ако ги сведеме нашите грешки на минимум, и ако ги исполниме во целост тактичките замисли на стручниот штаб, можеме да се надеваме на многу подобар резултат, изјави Бесир Демири.

Првиот натпревар екипата од Белорусија (Торпедо Белаз) оствари победа од 3:0. 

Натпреварот Работнички - Торпедо Белаз се игра утре (четврток) со почеток во 18 часот на Националната Арена „Тодор Проески“.  мн/

Фото: Фејсбук ФК Работнички

Остани поврзан