• среда, 13 ноември 2024

Маркоска: 6,1 милион евра поврат на Мој ДДВ за последниот квартал за 2020

Маркоска: 6,1 милион евра поврат на Мој ДДВ за последниот квартал за 2020
Скопје, 31 јануари 2021
И во време на сериозна здравствена и економска криза, Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев ги задржа економските политики за што повеќе пари да завршуваат назад кај граѓаните, назад кај семејствата.
 
Расте просечната плата, растат пензиите, економијата е жива и динамична, парите завршуваат кај граѓните.
Последен доказ за тоа е проектот Мој ДДВ со кој обебзедуваме дополнителен прилив на средства во секое семејство.
Според официјалните податоци, за последниот квартал од 2020 година кон граѓаните кои скенирале фискални сметки ќе бидат вратени над 382 милиони денари, односно околу 6,1 милион евра.
 
Ова значи дополнителен приход и истоврено зајакнување на домашната приватна потрошувачка.
 
Како одговорна партија продолжуваме со креирање и реализација на ефикасни и навремени економски полиитки што имаат за цел да обезбедат повеќе пари во секое домаќинство и раздвижување на економијата.
 
2021 година е година на рестарт на македонската економија и брзо враќање на претходните стапки на економски раст.
Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 

Тагови

Остани поврзан