• понеделник, 23 декември 2024

Маркоска: Економијата е ликвидна, а прометот зголемен

Маркоска: Економијата е ликвидна, а прометот зголемен
Скопје, 9 јануари 2022 Почитувани граѓани, почитувани новинари, Македонската економија е стабилна поставена на добри основи и се движи во добар правец. Бројни економски параметри покажуваат дека се надминати последиците од коронакризата, а економијата е подготвена за справување со претстојните предизвици. Според официјалните податоци, државата во текот на 2021 година извршила поврат на ДДВ кон стопанството од 488 милиони евра што е за 22,8 % повеќе во однос на 2020 година, односно 20,8 % повеќе споредено со 2019 година. Тоа значи дека економијата е ликвидна, а прометот зголемен. Растот на Бруто домашниот производ, растот на индустриското производство и растот на просечната плата се сигурен показател дека економскиот раст ќе продолжи и во оваа 2022 година. Растот на економијата за 2022 година е проектиран на 4,6 отсто, додека растот на капиталните инвестиции ќе биде повисок за 27 отсто во однос на претходната година. Истовремено, ќе продолжи растот на минималната плата што со себе ќе донесе и пораст на просечната плата. Тоа значи побрз економски раст, повеќе пари кај граѓаните и заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани. СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерки и политики што ја движат економијата напред, обезбедуваат повеќе пари за сите граѓани и силна поддршка за домашното стопанство. Прес-конференција, Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ Центар за комуникации со јавноста - СДСМ

____________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан