• петок, 05 декември 2025

Марковски : „План за Водно“ за заштита и искористување на потенцијалите на планината

Марковски : „План за Водно“ за заштита и искористување на потенцијалите на планината

Скопје, 10 октомври 2025

Планот за Водно“ е составен од мерки и политики кои имаат за цел заштита на овој дел од Скопје и овозможување на подобри услови за рекреација и спорт на сите граѓани -  посетители, се наведува во соопштението на Независни заедно што МИА го пренесува интегрално. 

Професорот Марковски ја посочи заложбата за продолжување на жичарата, но и изградба на јавни тоалети (на почетокот, на Средно Водно и на врвот).

Дополнително, тој истакна дека до Средно Водно во текот на викендите ќе биде забранет сообраќајот, а ќе можат да се движат единствено електрични автобуси (до Средно Водно).

Марковски зборуваше и за изградба на станица за прва помош на Средно Водно, како и за  нова mountain biking – велосипедска патека направена по современи стандарди.

Станува збор за мерки и политики кои се креирани во консултација со граѓаните, со луѓе кои поминуваат поголем дел од своето време на Водно, како едно од местата препознатливо за градот и за државата.

Кандидатот за градоначалник ги повикува граѓаните да гласаат за вистински промени, број 128 за градоначалник на Скопје и број 35 за листата советници за Град Скопје предводена  од Јана Белчева Андреевска.

Независни заедно

Фото: Независни заедно

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан