• петок, 22 ноември 2024

Марковски: Надлежните институции што побрзо да го решат проблемот со паднатиот потпорен ѕид во Клиничкиот центар 

Марковски: Надлежните институции што побрзо да го решат проблемот со паднатиот потпорен ѕид во Клиничкиот центар 

Скопје, 17 јуни 2024 (МИА) – Деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски апелира надлежните институции што побрзо да го решат проблемот со паднатиот потпорен ѕид во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. 

-Не знам чија е надлежноста за ѕидот, но сметам дека е на сите оние кои се инволвирани во процесот. Треба да седнат заедно и да го решат овој проблем што побрзо, изјави Марковски во одговор на новинарско прашање во Стопанската комора. 

Порача дека не е запознаен со конкретната состојба на ѕидот за да оцени дали треба да се урне и да се гради наново, но посочи дека во секој случај треба да се реагира брзо. 

Уште пред 15-тина години, како што кажа, испратил лично писмо како загрижен за она што се случува во тој дел од градот и за стабилноста на објектите кои таму се градат во кое посочил дека голем дел од потпорните ѕидови не се испроектирани за да можат да носат таков зголемен товар. 

-За жал тоа помина со молк од оние што беа надлежни, потенцира Марковски.вј/лв/

Фото: МИА 

 

Остани поврзан