• сабота, 06 декември 2025

Марковски избори пласман на главниот турнир во Куршумлијска Бања

Марковски избори пласман на главниот турнир во Куршумлијска Бања

Куршумлијска Бања, 1. јули 2025 (МИА) – Македонскиот тенисер Обрад Марковски со три победи во квалификациите на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања, Србија избори место во „главниот ждреб“. Тој денес во финалето од квалификациите го победи Шин Хес од Аргентина (11. носител) со 2-0 во сетови (7:5 и 6:3).

Марковски во првото квалификациско коло го надигра домашниот тенисер Лука Маџаревиќ (Србија) со 2-0 во сетови (6:3 и 6:0), а во втората квалификациска рунда го совлада седмиот носител Игнасио Антонио Бечера Отапола со 2-0 во сетови (6:1 и 6:4).

Македонскиот играч е во очекување на дополнителниот распоред за главниот турнир бидејќи тој е еден од осумтемина тенисери кои преку квалификациите изборија пласман во „главниот ждреб“.   мн/

Фото: МТФ

Остани поврзан