• петок, 17 мај 2024

Марка: Гарсија доби отказ, Роналдо ќе има нов тренер во Ал-Наср

Марка: Гарсија доби отказ, Роналдо ќе има нов тренер во Ал-Наср

Ријад, 12 април 2023 (МИА) - Францускиот тренер Руди Гарсија доби отказ од Ал-Наср, објави Марка.

 

Според шпанскиот весник, Гарсија добил отказ поради лошите резултати на тимот и особено лошите односи со фудбалерите. Трпението на саудиските менаџери пукна кога Гарсија влезе во расправија со играчите во соблекувалната, што беше поттик за неговото конечно бркање.

 

Се известува и дека Гарсија не ги оправда очекувањата на раководството. Ал-Наср е на второто место во поредокот, со три бода помалку од Ал-Итихад на седум кола до крајот на шампионатот.

 

Претходно беше објавено дека напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо е незадоволен од тренерот Гарсија и играта што ја демонстрира тимот.

 

Специјалист беше на чело на Ал-Наср во летото 2022 година. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан