• вторник, 24 декември 2024

Маркај победник на првиот турнир во Јужната балканска лига во билијард во Скопје

Маркај победник на првиот турнир во Јужната балканска лига во билијард во Скопје
Скопје, 28 март 2022 (МИА) - Лабинот Маркај го освои првиот турнир од новоформираната регионална лига во билијард, што викендов се одржа во Скопје. Играчот од Косово во финалето успеа да задржи високо ниво на сконцентрираност и покрај напорната агенда и многуте натпревари, со помалку грешки во финалето да слави со 9:4 против легендата на македонскиот билијард, Дејан Сипковски, првиот македонски државен првак во овој спорт. - На овој турнир играа 76 играчи, меѓу кои 30 од Македонија. По комплетирањето на натпреварите од прелиминарните кола се дојде до бројката од 32 натпреварувачи, од кои една третина, односно 11 беа домашни играчи. Во оваа фаза започнаа и објективно по квалитетните мечеви кои привлекоа големо внимание и реакции кај сите кои ги следеа. Младите Флорим Мемеди и Мирсад Зекири од Тетово остварија сигурни победи, а импресивна игра во оваа фаза покажа и нашиот Јасин Медиу кој ја комплетираше „четворката“ заедно со Сипковски што влегоа во завршницата со најдобрите 16 играчи. Едмонд Заја од Албанија во два наврати со тесен резултат славеше против нашите играчи (7:6 против Тале Самарџиоски, 9:8 против Флорим Мемеди), со што стигна до полуфиналето каде беше елиминиран од победникот Маркај (9:7), информираат од Балканската билјард асоцијација. Натпреварите се игра во „Гран Клуб“ во Скопје, без присуство на публика поради актуелните рестрикции предизвикани од пандемијата со КОВИД 19. зс/

Остани поврзан