• недела, 22 декември 2024

Марија Петрова стана втор потпретседател на Техничкиот комитет за ритмичка гимнастика на ФИГ

Марија Петрова стана втор потпретседател на Техничкиот комитет за ритмичка гимнастика на ФИГ
Софија, 7 ноември 2021 (МИА) - Марија Петрова, која вчера беше избрана за член на Техничкиот комитет за ритмичка гимнастика при Меѓународната гимнастичка федерација (ФИГ), денеска победи на изборите за втор потпретседател. Трикратната светска шампионка ја победи при изборот Наталија Буланова од Азербејџан со 70 наспроти 46 гласови. Двете вчера имаа ист број гласови при изборот на членови на Техничкиот комитет - по 49, но денеска во вториот круг Марија Петрова победи и стана втор потпретседател на Техничкиот комитет за ритмичка гимнастика при ФИГ. Претседател на комитетот е Ноха Абу Шабана од Египет, а прв потпретседател е Изабел Саваде од Германија, која имаше најголем број гласови при изборот на членови - 52. Вкупно пет Бугари се приклучија на раководните структури на ФИГ. Јапонецот Моринари Ватанабе вчера беше реизбран за претседател на Меѓународната гимнастичка федерација. гт/

Остани поврзан