• понеделник, 23 декември 2024

Маричиќ: Одржување чиста и здрава животна средина по ЕУ стандарди, со поддршка на европските фондови

Маричиќ: Одржување чиста и здрава животна средина по ЕУ стандарди, со поддршка на европските фондови
Скопје, 17 април 2022 (МИА) - Обезбедена се опрема и возила за прибирање отпад во Источниот и Североисточниот плански регион преку проектот за Поддршка во воспоставување регионален систем за управување со отпад, објави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Вредностa на овој проект e 3.597.440 евра, од кои 85 проценти се ЕУ средства. - Мораме заеднички да ги менуваме навиките и по европски терк, во однос на складирање и селектирање на отпадот, да го решаваме проблемот со дивите депонии. Како Национален ИПА координатор останувам посветен на максимално искористување на ЕУ помошта преку Програмата ИПА за спроведување на реформите од клучните и приоритетни области, како и активностите кои произлегуваат од Зелената агенда, објави Маричиќ на Фејсбук. Ова, појаснува, ќе овозможи да се оптимизира работењето на комуналните служби за навремено испорачување на комуналните услуги во корист на граѓаните и отпадот да се испорача до локациите наменети за одлагање отпад со што ќе се заштити средината од неконтролирано одлагање на отпад во согласност со стандардите на ЕУ. аа/лв/

Остани поврзан