Маричиќ: КПД Штип е пример како треба постојано да се унапредуваат условите и третманот на затворениците (ДПЛ)
- Казнено поправниот дом - Штип е пример како треба постојано да се унапредуваат условите и третманот на затворениците и како општеството може да помогне во нивната рехабилитација и ресоцијализ
Во рамки на КПД Штип, рече Маричиќ, е направена и нова библиотека, која служи и како училница.
- Таму редовно се посетува настава на осуденици кои се заинтересирани да го докомплетираат своето образование. Има и можности за стручно усовршување на одредени занаети, како заварувачи и готвачи. Нешто што може практично да им помогне во процесот на рехабилитација и после престојот тука да може да најдат работа, изјави Маричиќ.
Во однос на состојбата со КОВИД-19 во КПД Штип, Маричиќ рече дека се постапува по утврдените протоколи и нема ниту еден заболен затвореник, освен двајца вработени, кои не одат на работа.
Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодорв истакна дека направени се големи промени во оваа институција,а за подршката за реконструкција и санација на одредени делови се заблагодари и на Министерството за правада и на Управат за извршување на санкции. Покрај детското катче за децата на опсудените лица, годинава какошто вели од рунинирана просторија направиле Библиотека.
-Досега имавме неколку проекти во соработка со УНДП и Управата за извршување на санкции, преку Амбасадата на Швајцарија, каде имаше стручно усовршување по занимање на осудени лица, а на истите им беа доделени сертификати по занимање, за завршени бравари и аргон заварувачи. Во моментов Министерот при увидот, виде дека во училниците се одржува и тестирање на осудени лица, вели Тодоров.
Неколку дена се тестираат 48 осудени лица, преку Министерството за образование и УНДП со цел да завршат основно образование, а вакво тестирање се прави по подолго време, вели Тодоров. вдј/аа/
https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/1125493351254041/