• четврток, 14 ноември 2024

Маричиќ: Инклузијата на Ромите останува во фокусот на новите ИПА програми

Маричиќ: Инклузијата на Ромите останува во фокусот на новите ИПА програми
Скопје, 8 април 2022 (МИА) - Обврска на сите е да ги почитуваме различностите и да ги негуваме заедништвото и мултикултурализмот, истакна вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ по повод свеченото одбележување на Светскиот ден на Ромите. - Политиките за инклузија на Ромите се меѓу врвните приоритети на Владата рефлектирани и во четиригодишната Програма за работа каде, меѓу другото, се обврзуваме дека за време на нашиот мандат ќе се фокусираме на подобрување на социјалната сигурност и развојот на Ромите, истакна вицепремиерот Маричиќ, посочувајќи дека заложбата на Владата за Ромите е содржана и во неодамна донесената Стратегија за Ромите 2022-2030, како и во Декларацијата од Познан усвоена во јули 2019 година во рамките на Берлинскиот процес. Како што информираат од прес-службата на Секретаријатот за европски прашања, Маричиќ посебно ја нагласил важноста на инклузијата на Ромите и за процесот на европска интеграција на земјава и постигнатите резултати во овој аспект со искористување на европските фондови за проекти за оваа цел. Тој издвоил неколку реализирани и планирани проекти за Ромите во неколку општини, меѓу кои Прилеп, Битола, Виница, Шуто Оризари, Велес, Кичево, Штип и Кочани, за кои се обезбедени европски пари. - Во рамки на ИПА III Ромите се поддржани преку ИПА 2022 Акцискиот документ за подобрено здравство, социјална заштита и родова еднаквост, кој предвидува активности за подобрена ефективност на системот за превенција и заштита на родово и семејно насилство преку пристап до специјализирани и други суштински социјални услуги, истакна Маричиќ, додавајќи дека инклузијата на Ромите ќе биде во фокусот и на новите програми во рамките на ИПА III за 2023 година. Вицепремиерот Маричиќ посочил дека и покрај сите вложени напори и постигнати резултати, има сè уште предизвици, дека треба уште заеднички да се работи за целосна инклузија на Ромите во општеството и дека ќе продолжи унапредувањето на правната и институционалната рамка за суштинска инклузија на Ромите во сите општествени сфери. фф/нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан