• петок, 17 мај 2024

Маричиќ: Да не завршиме повторно во чекалната на ЕУ, неопходни се одговорни одлуки од пратениците

Маричиќ: Да не завршиме повторно во чекалната на ЕУ, неопходни се одговорни одлуки од пратениците

Скопје, 19 јули 2023 (МИА) - На првата годишнина од Меѓувладината конференција со што Северна Македонија ги отвори преговорите со ЕУ, се гордеам со фактот што македонските институции успешно ги спроведуваат билатералните скрининзи преку силна посветеност, како во Скопје така и во Брисел, напиша вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на официјалната Фејсбук страница, по повод една година од одржувањето на првата меѓувладина конференција.

-На неколку месеци пред завршувањето на скрининг фазата од преговорите ги имаме сите потребни капацитети за отворање на поглавјата и за влез во новите процеси од нашата европска интеграција, вели Маричиќ.

За тој чекор, дополнува Маричиќ, неопходни се одговорни одлуки од пратениците изразени низ потребните уставни надополнувања.

-Само на тој начин нема повторно да заглавиме во чекалната и во изолации и само на тој начин ќе ја оствариме целта - МК во ЕУ до 2030 година. На истекот на првата година од почетокот на преговорите изразувам благодарност до нашите европски сојузници за целата поддршка која ја добиваме и за тоа што јасно ни порачуваат дека вратата за проширување на ЕУ е ширум отворена, а тоа за македонската иднина е ретка можност која не е за пропуштање, напиша Маричиќ на Фејсбук. нд/ац/

 

Остани поврзан