• понеделник, 23 декември 2024

Маричиќ: Во септември почнува скринингот по кластери и поглавја, 45 проценти имаме усогласување во делот на законодавство

Маричиќ: Во септември почнува скринингот по кластери и поглавја, 45 проценти имаме усогласување во делот на законодавство
Скопје, 20 јули 2022 (МИА) - Согласно нашите анализи, 45 проценти во државата веќе има усогласување во делот на законодавството, и доколку се продолжи со таа динамика, темпото ќе биде побрзо од Србија и Црна Гора кои преговараат веќе десет години, посочи денеска вицепремиерот за европски прашања. Бојан Маричиќ. Тој во изјава за „Алсат М“ потврди дека вчера официјално започна процесот на скрининг, и тоа во рамки на состанокот кој се одржа во Брисел заедно со делегацијата на Република Албанија, при што било објаснето кои се чекорите кои следуваат, што е она што треба ние да се подготвиме и бил споделен календар за нашите наредни активности. Вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека на средината на септември почнува скринингот и по кластери и по поглавја. -Најпрво во прва фаза ќе одиме со дополнување на оној објаснувачки скрининг, каде што Европската комисија нам ќе ни претстави што е тоа што треба да усогласиме до членството, а потоа и билатералниот кога ќе се вклучат земјите членки со свои наоди, со свои гледишта, и врз основа на тоа, тоа ќе трае едно 14-16 месеци, и во тој период ние ќе треба да ги изработиме и оние клучни документи, додаде Маричиќ.бт/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан