• петок, 22 ноември 2024

Маричиќ: Власите, со својот јазик, култура и традиција се нераскинлив дел од нашето минато, сегашност и иднина

Маричиќ: Власите, со својот јазик, култура и традиција се нераскинлив дел од нашето минато, сегашност и иднина
Скопје, 23 мај 2021 (МИА) - Од мое лично и од името на Министерството за правда, сакам на сите припадници на влашката заедница во земјата да им го честитам 23 Мај – Националниот ден на Власите, напиша денеска во честитката министерот за правда Бојан Маричиќ. -Власите имаа навистина значајно место во македонската историја, бидејќи секогаш ги поддржувале стремежите и активно учествувале во создавањето на нашата држава. Токму Власите и денес имаа значајна улога во македонското општество како значаен дел од политичкиот, економскиот и академскиот живот. Ова се главните причини зошто Власите, со својот јазик, култура и традиција се нераскинлив дел од нашето минато, сегашност и иднина. Нека е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите, нагласи Маричиќ. ац/

Остани поврзан