Маринакис: Го поздравуваме ослободувањето на Белери, но не забораваме
- Го поздравуваме ослободувањето на Фреди Белери, но во никој случај не забораваме што се случи во изминатите месеци, истакна портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на одлуката на албанскиот суд да го ослободи поранешниот градоначалник на Химара, а сега европратеник, јави дописничката на МИА од Атина
Атина, 2 септември 2024 (МИА) – Го поздравуваме ослободувањето на Фреди Белери, но во никој случај не забораваме што се случи во изминатите месеци, истакна портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на одлуката на албанскиот суд да го ослободи поранешниот градоначалник на Химара, а сега европратеник, јави дописничката на МИА од Атина.
Маринакис коментираше дека станува збор за „позитивна разврска“, иако ослободувањето е нешто повеќе од еден месец до крајот на казната, посочувајќи дека нема да заборават што се случуваше во изминатите над 17 месеци.
-Во лицето на Фреди Белери, грчката Влада и сите грчки граѓани го гледаат етничкото малцинство во Албанија, кое ќе продолжиме да го поддржуваме. И веќе етничкото малцинство во Албанија, Грција и Грците имаат еден од претставниците во Европарламентот, кој ќе биде таму, ќе говори за човековите права, ќе даде уште повеќе битки, бидејќи како што имаме многупати кажано, прашањето за одбраната на презумцијата на невиност, на правата на обвинетиот, се многу важни и свети теми, па така, го поздравуваме ослободувањето, но во никој случај не забораваме што се случи во изминатите месеци, истакна Маринакис.
Како што претходно објави МИА, поранешниот градоначалник на приморското албанско гратче Химара, 52-годишниот Белери доби условно ослободување од затвор, каде беше од 12 мај минатата година, откако беше осуден за купување гласови и уапсен два дена пред изборите што во мај 2023 година.
Во јуни годинава, откако беше кандидат на владејачката Нова демократија на европските избори и официјално стана европратеник.ср/