• петок, 22 ноември 2024

Маринакис: Во моментов не постои видлива опасност за зголемување на мигрантските бранови кон Грција

Маринакис: Во моментов не постои видлива опасност за зголемување на мигрантските бранови кон Грција

Атина, 3 октомври 2024 (МИА) – Во моментов не постои видлива опасност за зголемување на мигрантските бранови, но очигледно сме во состојба на целосна готовност, бидејќи земјата треба да биде подготвена за сите сценарија, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. 

На вчерашниот вонреден состанок на владиниот совет за национална безбедност што го одржа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на кој беше проценета безбедносната ситуација и случувањата на Блискиот Исток, една од темите беше и мигрантското прашање, а весникот „Катимерини“ пишува дека биле разгледани евентуалните мерки што првично би можеле да се воведат, како што е зголемување на капацитетите во некои од 33 центрите за прием на бегалци во земјата.

Маринакис на брифингот објасни дека поради специфичноста на состанокот што беше вонреден не може да открие повеќе детали од она што беше веќе соопштено. 

-Но, она што можам да кажам е дека во моментов не сме до точка на зголемена опасност или каква било видлива закана од зголемување на бројот. Но, како што е јасно, земјата треба да биде подготвена за сите веројатности и покрај тоа што, во моментов, не се забележува таква потреба, некоја таква опасност. И секако, Грција во последните години има многу успешно управување со мигрантското прашање во споредба со речиси целата останата Европа и фактот што од 93.000 згрижени стигнавме до 21.000. Политиката што ја следиме за заштита на границите, фер и строга миграциска политика ни го покажува патот. Значи, во моментов не постои видлива опасност, но очигледно сме во состојба на целосна готовност, рече Маринакис. ср/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан