• сабота, 23 ноември 2024

Марго Роби во филм на Вес Андерсон

Марго Роби во филм на Вес Андерсон
Лос Анџелес, 12 август 2021 (МИА) - Австралиската глумица Марго Роби, можеби најпозната по улогата на Харли Квин во „Одредот на отпишаните“, ќе глуми во следниот проект на режисерот Вес Андерсон. Филмот на Андерсон, чиј наслов сѐ уште не е познат, треба да почне со снимање кон крајот на месецов во Шпанија. Како што пренесува „Холивуд репортер“, неколку глумци од претходните филмови на Андерсон, исто така, ќе глумат во новиот филм, вклучувајќи ги Адриен Броди, Бил Мареј и Тилда Свинтон. Оскаровецот Том Хенкс за првпат ќе соработува со познатиот режисер. Марго Роби во мигов ја снима историската драма „Вавилон“ со Бред Пит, а ќе глуми и во новиот филм на Грета Гервиг - „Барби“. Роби беше номинирана за Оскар во 2018 година за улогата на лизгачката Тоња Хардинг во филмот „Јас, Тоња“ и во 2020 година за улогата во „Бомба“.  си/сд/

Остани поврзан