Марадона го продолжи договорот со Гимназија
- Новиот договор на 59-годишниот Марадона е до декември 2021 година.

Ла Плата, 3 јуни 2020 (МИА) - Фудбалската легенда Диего Армандо Марадона го продолжи договорот како главен тренер на Гимназија, објави аргентинскиот клуб.
Новиот договор на 59-годишниот Марадона е до декември 2021 година.
Аргентинската легенда го предводеше тимот од септември минатата година.
Под негово водство Гимназија има 7 победи, 5 нерешени и 8 порази.