Манчестер јунајтед ја одби понудата на Евертон од Ромеро
- Евертон минатиот преоден рок испрати понуда за голманот Серхио Ромеро, но Манчестер Јунајтед не ја прифати.
![Манчестер јунајтед ја одби понудата на Евертон од Ромеро](https://mia.mk/images/20221104222126_big_730x400_11.webp )
Лондон, 12 октомври 2020 (МИА) - Евертон минатиот преоден рок испрати понуда за голманот Серхио Ромеро, но Манчестер Јунајтед не ја прифати.
Според „Атлетик“ Евертон понуди два милиони евра за изнајмување и беше подготвен да му ја исплати целата плата на чуварот на мрежата.
Сепак, Манчестер јунајтед сака да добие најмалку 8 милиони евра за Аргентинецот, чиј договор истекува летото 2021 година.
Во сезоната 2019/20, Ромеро забележа 17 настапи за Манчестер јунајтед и прими 12 гола. зс/