Манчестер јунајтед подготвен да го продаде Санчо на Рома за 20 милиони фунти
- Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо, би можел да ја продолжи кариерата во Рома.
Манчестер, 16 август 2025 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо, би можел да ја продолжи кариерата во Рома.
Според инсајдерот Фабрицио Романо, англискиот клуб е подготвен да го ослободи 25-годишниот Англичанец за 20 милиони фунти. Самиот фудбалер сè уште не донел одлука за својата иднина.
Во 2021 година, Манчестер јунајтед ѝ плати на Борусија Дортмунд 85 милиони евра за Санчо.
Минатата сезона, крилниот напаѓач играше за Челзи како позајмен играч. Одигра 41 натпревар во сите натпреварувања, постигна пет гола и имаше десет асистенции. зс/
Фото: ЕПА