• сабота, 10 август 2024

Манчестер сити ќе донесе замена за Алварез

Манчестер сити ќе донесе замена за Алварез

 

Манчестер, 10 август 2024 (МИА) – Премиерлигашот Манчестер Сити најверојатно ќе донесе нов напаѓач кој ќе го замени заминатиот Хулијан Алварез, најави тренерот на англискиот првак Пеп Гвардиола.

Алварез ќе се пресели во Атлетико Мадрид, во трансфер што се проценува на 75 милиони евра плус дополнителни 20 милиони евра кои ќе бидат платени под одредени услови.

„Ќе видиме пред крајот на преодниот рок дали навистина ни треба уште еден напаѓач како резервна варијанта за Ерлинг Холанд. Ерлинг не треба да ги игра сите натпревари во распоредот што го имаме пред нас. Вреди да размислиме“, изјави Гвардиола. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан