• вторник, 24 декември 2024

Манчестер сити подготвен да продаде половина од првиот тим

Манчестер сити подготвен да продаде половина од првиот тим

Манчестер, 24 декември 2024 (МИА) - Манчестер сити ќе изврши голема ротација, пишува „Дејли рекорд“. Работата за освежување на тимот ќе започне во зимскиот преоден рок и ќе продолжи по завршување на сезоната.

Според британскиот медиум „Граѓаните“ веруваат дека „суштината“ на тимот е изгубена. Раководството на клубот планираат да се разделат со најмалку пет-шест играчи од стартната постава за да ги обноват своите редови и да продолжат да работат во нов правец.

Како што пренесоа странските медиуми, приоритет на Манчестер сити оваа зима ќе биде да најде играч од средниот ред. Главни кандидати за оваа позиција се Мартин Субименди (Реал Сосиедад) и Бруно Гимараеш (Њукасл). Клубот се насочи и кон голманот на Јувентус, Микеле ди Грегорио.

По 17 кола во Премиер лигата, Манчестер Сити е седми во поредокот со 27 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан