Манчестер сити најде замена за Де Брујне
- Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, во фудбалерот на РБ Лајпциг, Чави Симонс, гледа потенцијална замена за Кевин Де Брујне.
![Манчестер сити најде замена за Де Брујне](https://mia.mk/images/20250210090111_big_730x400_76.webp )
Манчестер, 10 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, во фудбалерот на РБ Лајпциг, Чави Симонс, гледа потенцијална замена за Кевин Де Брујне.
Според „Ел Национал“, Гвардиола е во потрага по играч кој може да го води процесот на смена на генерациите во средниот ред и смета дека Симонс е идеален за оваа улога.
Шпанскиот стратег е импресиониран од успесите на фудбалерот во Бундеслигата, како и од неговата техника и чувство за игра.
Германскиот клуб планира да добие повеќе од 100 милиони евра за својот играч.
Лајпциг може да се согласи на трансферот поради можноста да оствари огромна финансиска добивка.
Оваа сезона 21-годишниот Симонс настапи на 18 натпревари, постигна пет гола и направи четири асистенции. зс/
Фото: ЕПА