• петок, 05 декември 2025

Манчестер Сити без тројца играчи на дуелот со Барнли

Манчестер Сити без тројца играчи на дуелот со Барнли

Манчестер, 26.септември 2025 (МИА) – Екипата на Манчестер Сити утре ја очекува натпревар со Барнли од Премиер лигата. Во најавата за дуелот менаџерот Пеп Гаврдилоа истакна дека тројца играчи не се подготвени

Сепак за фановите на клубот добрата вест е дека првата ѕвезда Ерлинг Халанд ќе биде на располагање на Гвардиола. На листата на повредени се наоѓаат двете нови засилувања Рајан Аит-Нури и Рајан Шерки, како и Омар Мармуш.

Халанд е подготвен, тројцата играчи ќе отсуствуваат, додека неизвесен е настапот на Матео Ковачиќ, изјави Гвардиола.

„Граѓаните“ по пет кола имаат освоено седум бодови и заостануваат осум бодови зад лидерот и шампион Ливерпул. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан