Мантев: 4 години разочарување, лични интереси и тендерски шеми на Стојанов и ВМРО-ДПМНЕ Неготино
- Четири години локална власт на Горан Стојанов и ВМРО-ДПМНЕ се години на разочарувања. ВМРО-ДПМНЕ за 4 години ја претвори општина Неготино во сервис за лични и партиски интереси а граѓаните целосно ги заборави, изјави на прес конференција кандидатот на СДСМ за градоначалник на Неготино, Петар Мантев, стои во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 23 август 2025
Четири години локална власт на Горан Стојанов и ВМРО-ДПМНЕ се години на разочарувања. ВМРО-ДПМНЕ за 4 години ја претвори општина Неготино во сервис за лични и партиски интереси а граѓаните целосно ги заборави, изјави на прес конференција кандидатот на СДСМ за градоначалник на Неготино, Петар Мантев, стои во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Преку тендерски шеми и фирми блиски до власта, милионски суми завршуваат во нечии џебови, а граѓаните плаќаат повисоки сметки за вода, смет и комуналии.
Во 2023 година, цените на комуналните услуги беа покачени за цели 100%. Двојно повисоки сметки а нема никакво подобрување во услугите.
Општина Неготино е рекордер по трошење пари за привремени вработувања, а по транспарентност е на срамното 80-то место во државата.
Граѓаните плаќаат повеќе – а добиваат помалку. Тоа е единствениот „резултат“ на Горан Стојанов.
А што беше ветено? Во 2021 година, пред изборите, ВМРО-ДПМНЕ и Горан Стојанов ветуваа:
* Голем градски парк кај „Младост“
* Скејт-парк и фитнес-зона
* Нов градски плоштад
* Катна гаража и кружни текови
* Реконструкции, урбан развој, проекти…
Поминаа 4 години, денеска е 2025 година, ништо од тоа не е реализирано.
Наместо исполнети ветувањата, видовме скандали:
-Пазар вреден 420.000 евра, со петпати надуена цена. За обичен покрив платени се 10.000 денари по квадрат, кога пазарната цена е 2.000. Разликата од 60.000 евра заврши во нечии џепови.
Една иста фирма, една иста матрица – коруптивна шема на ВМРО-ДПМНЕ.
А кога беше најтешко?
Во јули 2024 година, пожарот на Серта уништи над 1.000 хектари. Градот гореше а градоначалникот Стојанов беше на плажа. Без кризен штаб, без одговорност, без совест.
Тоа е билансот на овие четири години. Плаќаме повеќе, добиваме помалку. Нема паркови, нема инфраструктура, нема визија. Но затоа има поскапи сметки, тендерски шеми и градоначалник што бега од одговорност.
Почитувани, Неготино не заслужува да биде жртва на неспособност и корупција на ВМОР-ДПМНЕ. Локалните избори се шанса за промена.
Неготино заслужува план, реализација и вистинска работа за граѓаните.
СДСМ е подготвен да ја врати локалната самоуправа во вистинска насока, транспарентна, одговорна и посветена на интересите на граѓаните на Неготино.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
Фото: СДСМ