Манифестација по повод 34 години од поставувањето на споменикот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија
- Делегации од Собранието, Владата и кабинетот на претседателот на државата, градоначалникот на општина Центар и претставници на други институции и граѓани, денеска ќе положат цвеќе пред спомен
Скопје, 2 јули 2022 (МИА) - Делегации од Собранието, Владата и кабинетот на претседателот на државата, градоначалникот на општина Центар и претставници на други институции и граѓани, денеска ќе положат цвеќе пред споменикот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во паркот „Жена борец“, по повод 34 години од поставувањето на споменикот, а во чест на Светските средби.
На манифестацијата, како што информираат од Републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија – Т'га за југ, ќе има и ученици од 5- то до 9-то одделение од основните училишта од повеќе градови. дма/са/