• понеделник, 23 декември 2024

Манев: Веруваме во успех на дуелот со Србија

Манев: Веруваме во успех на дуелот со Србија
Белград, 23 март 2022 (МИА) – Членот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Јован Манев е оптимист дека може да се оствари добар резултат на пресметката со Србија во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија. - Имаме шанси да се бориме за позитивен резултат, веруваме во нашите квалитети, од меч во меч се подобруваме и се надевам дека ќе продолжиме во тој ритам. Имаме одлична група на фудбалери, сите заедно веруваме во успех. Ја имаме подршката од селекторот и неговиот стручен тим, веруваат дека можеме да оствариме успех не само на мечот со Србија, туку и на средбите против Фарски Острови, Украина и Ерменија, Нема да биде лесно да се победи Србија, но не и невозможно. Го респектираме противникот, се работи за репрезентација која има голем квалитет и потенцијал, но имаат и недостатоци. Треба да бидеме смирени, фокусирани во текот на сите 90. минути и да ги искористиме можностите што ќе ни се укажат, изјави Манев за ФФМ. Средбата со Србија е закажана за утре (24 март) во Белград со почеток од 17 часот. Пет дена подоцна (29 март) на стадионот „Тодор Проески" во Скопје од 18 часот ќе гостува селекцијата на Фарски Острови. зс/

Остани поврзан