• сабота, 23 ноември 2024

Манастирлиу во разговор со Филипче понудила помош во справувањето со трагедијата во Тетово

Манастирлиу во разговор со Филипче понудила помош во справувањето со трагедијата во Тетово
Тирана, 9 септември 2021 (МИА) - Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу понуди помош во справувањето со трагедијата што се случи во Модуларната болница во Тетово. Во телефонски разговор со нејзиниот македонски колега Венко Филипче искажажала подготвеност Албанија да  помогне со сите можности и извори со кои располага. Во објава на Фејсбук Манастирлиу наведува дека "соседите во Северна Македонија минуваат низ многу тешки моменти". - Во разговор со колегата Венко Филипче на Северна Македонија изразив искрено и најдлабоко сочувство за граѓаните кои ги изгубија животите во трагедијата што се случи во Тетово, а на повредените брзо закрепнување. Ја искажав нашата целосна  подготвеност да помогнеме со сите можности и извори со кои располагаме во овие тешки моменти за нашите соседи, објави Манастирлиу на Фејсбук. Реагираше и поранешниот министер за здравство Тритан Шеху, познат анестезилог-реаниматир и универзитески професор. -Трагедија во Тетово. Целосна солидарност со здравствените институции во пријателска Македонија, со колегите и персоналот соочен со овој толку болен настан, напиша во објава на Фејсбук. И тој изразува искрено сочувство за изгубените животи и посакува брзо и целосно  закрепнување на повредените. вт/аа/

Остани поврзан