Манасиевски: 215 криминалци добија македонски пасоши во време на Заев
- СООПШТЕНИЕ:
Скопје, 4 мај 2025
Почитувани,
215 белосветски криминалци добија македонски пасоши во време на Заев, на тоа ли мисли Филипче кога вели треба да се учи од него?
215 најголеми криминалци и лидери на нарко кланови кои зад себе имаат истории на тргување со дрога и убиства од страна на власта на Заев и Филипче им беше даден Македонски пасош.
215 белосветски криминалци заради Заев и Филипче непречено се движеа низ светот со лажен идентитет.
215 белосветски криминалци со години правеле криминал благодарение на Заев и Филипче.
Тоа е оставштината на Зоран Заев. Дали на тоа мислеше Венко Филипче кога кажа дека треба да се учи од Заев и дека нема друг како него.
Заев ја избрука државата, ја оштети и ја понижи. Венко Филипче сака да биде ист како него.
Линк од видео материјал:
https://www.swisstransfer.com/d/d687befe-bc87-4fc2-8509-b0f177c22c8e
Прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ