• понеделник, 19 јануари 2026

Манасиевски: Филипче денес потврди, Заев гради 42-катница во Дубаи

Манасиевски: Филипче денес потврди, Заев гради 42-катница во Дубаи

Скопје, 26 декември 2025

Ја разбираме импресионираноста на Венко Филипче од српскиот свет, но вистината е дека единствената врата за српскиот свет во Македонија е Венко Филипче кој се однесува како мал Заев. Ако Заев се бореше за Бугарија, Венко се бори и за Бугарија и за дел од српскиот свет, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, од изјавата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Инаку она што нас ни ги потврдува тезите е признанието на Венко дека тиој не градел со Заев згради во Дубаи, но тоа значи признание дека Заев гради. Малиот Заев Венко, треба да одговори за што и како ја доби златната виза во Дубаи, а Заев да одговори како стигна до милионите со кои гради во Дубаи?

Имено, стигна и официјална потврда од Венко Филипче кој е чувар  на фотелјата на вистинскиот претседател на СДС, Зоран Заев, дека гради 42катница во Дубаи.

На денешниот брифинг со новинари, в.д. претседателот на СДС Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање кое гласеше „Градите ли со Заев во Дубаи?’’, Филипче одговара, цитирам:

„Не, апсолутно тоа е една голема невистина и дел од тој обид е да се дефокусира јавноста од вистинските проблеми. Процес којшто трае повеќе време наназад’’, вели Филипче.

Со овој одговор, Филипче рече дека тој не градел зграда во Дубаи, но потврди дека Заев градел.

Откако 7 години ја испокрадоа и уништијата државата, економијата и достоинството, отидоа во една од најбогатите држави да градат 42катница. Ова е вистинското лице на СДС.

Го повикуваме Филипче, да одговори ако не градел со Заев висококатница во Дубаи, на кој начин се стекнал со златна виза? Дали станот што беше кажан во сведоштвото на Тома Аврамски е во сопственост на Филипче или можеби некое трето лице? Доколку Филипче ја добил златната виза врз база на работа во Дубаи, го повикуваме истата да ја објави? Зошто Венко Филипче се крие?

Вистината секогаш излегува на виделина!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан