• недела, 23 јуни 2024

Малолетници од Неготино извршиле обљуба, 19-годишник уценувал малолетничка со видео материјалот, случајот пријавен во полиција

Малолетници од Неготино извршиле обљуба, 19-годишник уценувал малолетничка со видео материјалот, случајот пријавен во полиција

Неготино, 29 мај 2024 (МИА) - Малолетници извршиле обљуба врз малолетничка, а трет снимал. Деветнаесетгодишник ја уценувал со видео материјалот, а случајот е пријавен во неготинската полиција.   

Портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска информираше дека синоќа во 21:00 часот во ОВР Неготино, 41-годишна жена од неготинско село пријавила дека на почетокот на мај во Неготино, двајца малолетници од неготинско извршиле обљуба врз нејзината малолетна внука. Чинот го снимал трет малолетник од Неготино, по што К.П.(19) од неготинско ја уценувал со снимениот видео материјал. 

-Во 23:30 часот, К.П. бил лишен од слобода и од него бил одземен мобилен телефон. Мобилни телефони биле одземени и од тројцата малолетници, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Ѓаковска.свд/фф/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан