• недела, 22 декември 2024

Малави прогласи состојба на катастрофа поради суша

Малави прогласи состојба на катастрофа поради суша

Лилонгве, 26 март 2024 (МИА) – Источноафриканската земја Малави прогласи состојба на катастрофа поради големата суша што зафати голем дел од земјата.

Претседателот на Малави, Лазарус Чаквера побарал повеќе од 200 милиони долари хуманитарна помош, јави Би-би-си.

Потегот на Малави доаѓа помалку од еден месец откако соседна Замбија презеде сличен чекор.

Зимбабве, исто така, соопшти дека голем дел од посевите во земјата се уништени.

Светската програма за храна на Обединетите нации соопшти дека неколку земји во Африка се на работ на криза со храна поради сушата предизвикана од влијанието на климатскиот феномен Ел Нињо. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан