• петок, 05 декември 2025

Макс Верстапен се избори за пол позицијата во Монца

Макс Верстапен се избори за пол позицијата во Монца

Монца, 6.септември 2025 (МИА) – Возачот на Ред Бул Макс Верстапен се избори за пол позицијата за утрешната трка на патеката Монца. Ова за него е прва пол позиција во продолжението на сезоната.

Од втората позиција ќе стартува Ландо Норис, а како трет заврши Оскар Пјастри. Тоа значи дека ќе продолжи борбата за титулата светски првак.

На следните две позиции се пласираа двајцата возачи на Ферари Шарл Леклер и Луис Хамилтон, кој пак поради казна ќе стартува од десетото место.

Ваквиот редослед на квалификациите може да биде најава на интересна трка утре на патеката Монца со почеток во 15 часот. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан