„Максим“: Марго Роби е најзгодна позната жена во светот
- На овој список се најде и поранешниот рагбист Даниел Лејдли, кој го смени полот од машко во женско во 2020 година, но и политичарките Пени Вонг и Анастасија Палашчук.

Лос Анџелес, 26 октомври 2022 (МИА) - Австралиското списание „Максим“ (Maxim) ја објави својата годишна листа „Хот 100“ за 2022 година, на којашто се наведени најуспешните и најубавите жени во индустријата за забава, спорт и поп-културата. На врвот на списокот „најзгодни“ се најде глумицата Марго Роби, чија холивудска кариера продолжува по нагорна патека и пред прикажувањето на најновиот филм „Вавилон“.
Ова е рекорден, трет пат Роби да се најде на врвот на „жешките 100“. На второто место е фудбалерката Сем Кер, а трета е Еш Барти. На овој список се најде и поранешниот рагбист Даниел Лејдли, кој го смени полот од машко во женско во 2020 година, но и политичарките Пени Вонг и Анастасија Палашчук.