• петок, 22 ноември 2024

Макрон ја отфрли идејата на Морисон за меѓународна истрага за пандемијата на коронавирусот

Макрон ја отфрли идејата на Морисон за меѓународна истрага за пандемијата на коронавирусот
Париз, 22 април 2020 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон ја отфрли идејата на австралискиот премиер Скот Морисон за итна меѓународна истрага за пандемијата на новиот коронавирус. Макрон во телефонски разговор со Морисон му рекол дека сега не е време. - Во моментов има итна потреба да се дејствува во синхронизација против вирусот, а не да се бара кој е виновен, изјавил францускиот претседател. Според портпарол на Елисејската палата, Макрон сепак признал дека „има некои проблеми“ и ја истакнал „потребата за транспарентност од страна на сите играчи, а не само на СЗО“. паг/

Остани поврзан