• понеделник, 23 декември 2024

Макрон: Сторителите на злосторствата во Изјум ќе одговараат за своите постапки

Макрон: Сторителите на злосторствата во Изјум ќе одговараат за своите постапки
Париз, 17 септември 2022 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди „најостро злосторствата извршени во Изјум, Украина, под руска окупација“, откако Киев објави за масовна гробница со стотици тела закопани во близина на овој град, вратен под украинска контрола. „Сторителите на ова ќе треба да одговараат за своите постапки. Нема мир без правда“, додаде францускиот претседател на Твитер. паг/  

Остани поврзан