• петок, 05 декември 2025

МАКП одржа дебата помеѓу корпоративни правници и адвокати на Правен факултет „Јустинијан Први“

МАКП одржа дебата помеѓу корпоративни правници и адвокати на Правен факултет „Јустинијан Први“

Скопје, 29 април 2025 (МИА) - Кој сака да биде адвокат, а кој се гледа во иднина како корпоративен правник? Кои се предизвиците, а кои слабостите? Кои се стереотипите за корпоративните правници во компаниите и како да се унапреди нивната позиција и неприкосновеност. Колку е голема улогата на корпоративните правници во компаниите? Ова беа некои од темите на дуелот помеѓу претставници на корпоративните правници и на адвокатите кој се одржа вчера на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Преку овој дуел се одбележа почетокот на соработката меѓу Македонската Асоцијација на корпоративните правници и Правниот факултет „Јустинијан Први“.

-Една од целите кои Македонската Асоцијација на корпоративни правници си ги постави при основањето беше едукацијата и помагањето на младите во нивната професионална ориентација, па во таа насока го организиравме и овој настан, со малку поинаков концепт, по кој ќе следуваат и други интересни активности. Големиот интерес за денешниот настан, за нас е знак дека сме на добар пат. Остануваме посветени кон натамошна промоција и унапредување на статусот на компаниските правници во системот, според најдобрите пракси на развиените општества, изјави Иван Петрушевски, претседател на МАКП.

По дуелот за студентите беше изготвен квиз за проверка на наученото и беа доделени неколку награди.ар/дма/


Фото:Правен факултет „Јустинијан Први“. 

Остани поврзан