• понеделник, 23 декември 2024

Македонците во Србија го чествуваа Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Македонците во Србија го чествуваа Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Белград, 24 мај 2024 (МИА) - Традиционално како и изминатите години македонската заедница во Србија и годинава го одбелжа  24 мај-Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, пред споменик на Св.Кирил и Методиј кој е подарок на академскиот вајар Томе Серафимовски на градот Белград, венци положија македонскиот амбасадор Никола Тупанчески заедно со српските власти и амбасадорите на Словачка, Украина, Бугарија и на ЕУ, како и преставници на Националниот совет на македонското национално малцинство и здруженијата од Белград.

Вечерва во Педагошкиот музеј во организација на здружението Македониум ќе се одржи свечена академија на која д-р Анита Ангелевска ќе говори на темата „Кирилометодиевистика-траење низ вековите“ и Ангел Василковски на темата „Просветителството на Св.Кирил и Методиј како par excellence рамноапостолство“, придружувани со ансамблот „Македониум“ и хорот на ОУ „Доситеј Обрадовиќ“ од Белград.

Од 2019 година, 24 мај во Србија се слави како национален празник - Денот на словенската писменост и култура. об/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан