• петок, 22 ноември 2024

Македонците во Србија во Ниш го одбележаа празникот Илинден

Македонците во Србија во Ниш го одбележаа празникот Илинден

Ниш, 1 август 2023 (МИА) - Македонците во Србија во градот Ниш денеска со прием и пригодна свеченост почнаа да го одбележуваат 2 Август, Денот на Републиката - Илинден, кој во Србија е и национален празник на македонското малцинство во оваа држава, јави дописникот на МИА од Белград.

- Македонското здружение „Вардар“ од Ниш, кој го организира приемот и одбележувањето на Илинден, ова го прави веќе 20 години, за пријателите на здужението и на Македонците во општината Ниш, за градската и локалната управа на Ниш, останатите малцинства, боречката организација, со цел потсетување на најголемиот македонски национален празник - 120 години од Крушевската република, 79 години од АСНОМ и основањето на првата македонска држава на овие простори, изјави Благоја Илиевски, основач на Здружението „Вардар“ од Ниш.

-За нас Македонците тоа е нешто најголемо што може да биде на овој свет. Тоа е најголем празник во сите сегменти на животот на Македонците, кај и да се, дали во Македонија, дали во Србија или во дијаспората низ цел свет, изјави Илиевски.

На денешното одбележување на Илинден во Ниш, покрај македонската заедница во овој град, присуствуваа и претставници од нишките општини и градската управа, СУБНОР, здруженија од другите малцинства во Србија и в.д. македонската амбасадорка во Србија  Михаела Веселинов.

Утре, на 2 Август, како што најавија од Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ, тој ќе има работна посета на манастирот „Св. Прохор Пчињски“, каде ќе го пречека претседателот Стево Пендаровски, по што двајцата претседатели ќе одржат билатерална средба. об/мд/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан