Македонското лекарско друштво ќе го одбележи Светскиот ден на здравјето
- Од Македонското лекарско друштво информираат и дека на настанот ќе бидат врачени награди и признанија.

Скопје, 7 април 2025 (МИА) - По повод 7 април - Светскиот ден на здравјето, Македонското лекарско друштво организира свечен собир, каде најавени се обраќања на претседателот на друштвото, Горан Димитров, министерот за здравство Арбен Таравари, претставникот на Светската здравствена организација за Република Северна Македонија, Аким Али, како и на директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиоска Папестиев.
Од Македонското лекарско друштво информираат и дека на настанот ќе бидат врачени награди и признанија. бд/вг/
Фото: Принтскрин / Македонско лекарско друштво