• недела, 30 јуни 2024

Македонски каратисти учествуваат на семинар во Неа Флогита

Македонски каратисти учествуваат на семинар во Неа Флогита
Скопје, 13 јуни 2022 (МИА) - Во Неа Флогита, Грција, од денес до 18 јуни ќе се одржи меѓународниот традиционален карате семинар и куп „Неа Флогита 2022“. - На семинарот ќе учествуваат каратисти од Македонија, Грција, Србија, Бугарија и Романија. Семинарот ќе го води, проф. Венцислав Недев 9 дан заедно со д-р Дејан Недев и д-р Аљоша Недев, информираат од Македонската традиционална карате федерација. На крајот од семинарот е предвидено да се одржи и традиционалниот карате турнир „Неа Флогита 2022“. зс/

Остани поврзан