Македонски државјанин баран со меѓународна потерница уапсен на преминот Морина
- Албанската полиција на граничниот премин Морина, на албанско - косовската граница кај Кукс уапсила македонски државјанин баран со меѓународна потерница издадена од австриските власти.
Тирана, 10 јануари 2021 (МИА) - Албанската полиција на граничниот премин Морина, на албанско - косовската граница кај Кукс уапсила македонски државјанин баран со меѓународна потерница издадена од австриските власти.
- Македонскиот државјанин Р.М.(25), жител на Скопје, приведен е при влез на албанска територија на граничниот премин Морина, откако при контрола пронајден е во системот како лице барано со меѓународна потерница. Меѓународната потерница е распишана од властите во Виена, Австрија на 29 јануари 2018 година и се бара за кривични дела - разбојништа, се наведува во полициското соопштение.
Полицијата од Кукс и канцеларијата на Интерпол Тирана, во соработка со Обвинителството на Кукс, ги преземаат со закон предвидените активности, по што Р.М. ќе биде екстрадиран во Австрија. вт/фф/